Второпласираната екипа во генералниот пласман во источната конференција Торонто тешко го поднесе поразот во Кливленд од истоимениот состав (126-101). На крајот од третата четвртина тензичната атмосфера кулминираше кога центарот на „рептилите“, Серж Ибака бурно реагираше на фаулот од Маркиз Крис. Двајцата кошаркари си разменаа по неколку боксови, а брзата интервенција на обезбедувањето спречи играчите од двете екипи да се замешаат. Погледнете!

OhridNews