Лос Анџелес Клиперс го реши тренерското прашање за новата сезона. „Клиперси“ го назначија Тајрон Лу за нов предводник на екипата.

Лу на позицијата тренер ќе го наследи Док Риверс, кој доби отказ после петгодишна работа во ЛА Клиперс. 43-годишниот стратег со „клиперси“ потпиша петгодишен договор.

Гери Пејтон посакува тренерска кариера

Легендарнио организиратор на игра Гери Пејтон изјави дека сака да започне тренерска кариера во НБА лигата. Пејтон после завршување на играчката кариера продолжи да работи во кошарката, но како стручен експерт и амбасадор во НБА.

Многу млади НБА играчи се борат да го достигнат својот вистински потенцијал. Би сакал да се приклучам на НБА, каде што можам да им помогнам на тренерите, менторите и да ги водам играчите. Можам да ги научам на напорна работа, фокус и решителност што им треба да бидат доверлив фактор за успех на тимот. – изјави Пејтон.

Во текот на кариерата Пејтон триумфираше во НБА лигата со тимот на Мајами Хит во 2006 година.

OhridNews