Расел Вестбрук и Џејмс Харден, ѕвездите на Хјустон, оваа недела требаше да им се придружат на своите соиграчи во „Дизни Светот“, но, барем што се однесува до Вестбрук, тоа нема да се случи.

Супе ѕвездата на Хјустон, Расел Вестбрук изјави дека е позитивен за коронавирусот и е во самоизолација, напиша Шамс Шаранија, новинар на Атлетик, на Твитер.

Потоа се обрати и Вестбрук.

Во моментов се чувствувам добро, јас сум во карантин и со нетрпение очекувам да се вратам на соиграчите кога ќе ми биде одобрено. Ви благодарам за сите ваши желби и постојана поддршка. Ве молам, сфатете го сериозно овој вирус. Внимавајте и носете маски. – рече кошаркарот.

OhridNews