Кошаркарите на Бруклин Нетс забележаа нова победа, совладувајќи ја Атланта Хокс со 132-128, после дополнителни пет минути продолжение. Одличен натпревар за „мрежичките“ одигра ѕвездите Кевин Дурент, Кајри Ирвинг и Џејмс Харден, кои искомбинираа 89 поени.
Бруклин и Атланта одиграа екстра возбудлив натпревар. „Јастребите“ со поените на Кем Редиш изедначија пред крајот на мечот, а обид за победа не реализираше Харден. Во дополнителни пет минути, Бруклин беше подобар во завршницата и обезбеди триумф 132-128, а триото покажа дека може да игра заедно.
Бруклин со скор 12 победи и 8 порази се наоѓа на третата позиција во источната конференција, а Атланта со 9 победи и 9 порази е шестопласиран.
- Резултати:
Бруклин – Атланта 132-128
ЛА Лејкерс – Филаделфија 106-107
Јута – Далас 116-104
Вашингтон – Њу Орлеанс 106-124
Кливленд – Детроит 122-107
Индијана – Шарлот 116-107
OhridNews