Тимот на Хјустон ќе достави жалба до НБА лигата за судиите кои не му признаа поени на Џејмс Харден, а подоцна мечот со Сан Антонио го изгубија за два поени 135-133 после дополнителни две продолженија.

На средината од последниот квартал, Харден поентираше со забивање но топката откако влезе во обрачот излезе преку мрежата. Судиите одлучија да не му ги признаат поените на Харден и играта да продолжи.

Хјустон бара мечот да се преигра од моментите кога регуларниот кош не е признат или пак да им се додели победата со оглед големиот превид на судиите.

OhridNews