Кошаркарот на Портланд, Јусуф Нуркич на несреќен начин ја заврши сезоната во НБА лигата, откако на мечот Бруклин ја скрши левата нога. 24-годишниот кошаркар не се спушти најдобро при доскокот и настрада неговата лева нога. Босанецот сигурно го чека долга пауза, а кои ќе бидат следните чекори околу неговата повреда ќе информира клубот.
Horrific injury for Jusef Nurkic pic.twitter.com/7QaCY3iSjG
— ??Rock Bottom? (@DFSBBallGuy) March 26, 2019
Тимот на Портланд после продолженија го доби натпреварот 148-144, но попусто бидејќи триумфот падна во сенка на страотната повреда на Нуркич. Босанецот имаше фантастичен учинок од 32 кошеви и 16 скокови.
OhridNews