Со спектакуларната тројка од половина терен на Дамјан Лилард, екипата на Портланд ја совлада Оклахома со 118-115 и стигна до четвртата победа во серијата со која обезбеди пласман во 1/2 финалето на западната конференција.
Победничките поени на Лилард беа само шлагот на тортата, бидејќи тој одигра маестрален меч постигнувајќи 50 поени. На Оклахома не и помогна „трипл дабл“ учинокот на Расел Вестбурк (29 п, 14с, 11а) и 36-те поени на Пол Џорџ.
? DAMIAN LILLARD FOR THE WIN!!!!! ?#RipCity | #NBAPlayoffs pic.twitter.com/azCsXVppX8
— NBA TV (@NBATV) April 24, 2019
До четвртата победа и пласман понатаму стигнаа Торонто кој го славеше против Орланд 115-96 за 4-1 во серијата и Филаделфија која го победи Бруклин со 122-100 и со идентични 4-1 се пласираа во полуфиналето. Возбудувањата продолжуваат во серијата помеѓу Денвер и Сан Антонио, „нагетси“ на домашен терен победија 108-90 и поведоа со 3-2.
Резултати: Торонто – Орланд 115-96 (4-1), Филаделфија – Бруклин 122-100 (4-1), Денвер – Сан Антонио 108-90 (3-2), Портланд – Оклахома 118-115 (4-1)