Составот на Атланта Хоукс каде настапува Перо Антиќ претрпе сомнителен пораз втор сезонава на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс 105-103.
Во последните моменти од средбата шпанскиот репрезентативец По Гасол направи фаул во напад, но, судиите го окарактеризираа како лична грешка. Шпанецот не погреши од линија за слободни фрлања и ги реализираше двете.
Обид за победа имаше Кајл Корвер, кој по додавање од Антиќ го погоди само обрачот и не донесе триумф во Холувид.
Мх.П.