Екипата на Голден Стејт Вориорс предводена од Стеф Кари потсети на шампионските денови, совладувајќи го Портланд Треил Блејзерс со 137-122, по четвртини (36-33, 30-21, 31-29, 40-39).

Сигурниот триумф на „воините“ го одбележа капитенот Стеф Кари кој реализираше рекордни 62 поени. Портланд иако добро парираше, сепак, немаше одговор за разиграниот Кари кој не само што погодуваше, туку и ги разигруваше соиграчите. Кари до рекордниот поентерски учинок стигна за 36 минути игра.

Со победата над Портланд, Голден Стејт стигна до третата победа сезонава со која го изедначи скорот (3-3) во генералниот пласман. Портланд исто така има идентичен скор 3-3.

  • Резултати:

Детроит – Бостон 120-122

Бруклин – Вашингтон 122-123

Мемфис – ЛА Лејкерс 94-108

Минесота – Денвер 109-124

Сан Антонио – Јута 109-130

Чикаго – Далас 118-108

Феникс – ЛА Клиперс 107-112

Голден Стејт – Портланд 137-122

OhridNews