Најквалитетната кошаркарска лига во светот НБА ќе добие нов првак, откако актуелниот Торонто синоќа изгуби во седмиот натпревар со Бостон и доживеа елиминација. „Детелините“ во популарната мајсторка славеа со 92-87 и обезбедија прогрес во финалето на истотокот. Во конференциското финале Бостон ќе се сретне со Мајами.
Од елиминација се спаси Денвер кој во петтиот натпревар со пресврт го совлада ЛА Клиперс и намали на 3-2 во полуфиналето на западот „Нагетси“ се вратија од 16 поени негатива и на крајот од мечот победија со 111-105.
Резултати:
ЛА Клиперс – Денвер 105-111 (3-2)
Торонто – Бостон 87-92 (3-4)
OhridNews