Кошаркарите на Милвоки го совладаа синоќа по продолжение Бруклин со 120-119, во натпревар во кој Јанис Адетокунбо стана најдобар стрелец во историја на „Бакси“, пред легендарниот Карим Абдул – Џабар.
Грчкиот кошаркар влезе во натпреварот со 14.172 поени, а клупскиот рекорд го постигна со тројка на 18 секунди пред крајот на регуларниот дел со која донесе продолжение.
Адетокунбо сега е прв стрелец во историјата на Милвоки со 14.216 кошеви, пред Џабар со 14.211 поени.
Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу четвртокот и петок: Детроит – Филаделфија 102-94, Атланта – Кливленд 131-107, Бруклин – Милвоки 119-120, Чикаго – ЛА Клиперс 135 – 130, Јута – ЛА Лејкерс 122-109.
OhridNews