Македонскиот интернационалец Перо Антиќ ги запиша првите поени во победата на Атланта Хоукс над Торонто 102-95. Антиќ за повеќе од 11 минути на паркетот постигна пет поени, а додаде уште еден скок и асистенција.
Најпрецизен во тимот на „јастребите“ беше Хорфорд со 22 кошеви, по 17 уфрлија Корвер и Тига додека кај гостите со 31 поен најефикасен на натпреварот беше Де Розан.
Антиќ и Атланта следниот натпревар во НБА лигата го играат на гостински терен против „езерџиите“.
Дел од хајлајтсот можете да погледнете тука.
Мх.П.