Денвер синоќа му го нанесе на водечкиот Бостон првиот пораз оваа сезона на домашен терен во НБА лигата, триумфирајќи во ТД Гарден со 102-100.

Џамал Мареј постигна рекордни 35 поени на натпреварот со осум скокови и пет асистенции, додека Никола Јокиќ запиша 34 кошеви, 12 скокови и девет асистенции во редовите на Денвер.

Мареј и Јокиќ беа клучни за победата, откако двајцата поентираа или асистираа 89 од вкупните 102 поени за Денвер.

Пред дуелот со Денвер, кошаркарите на Бостон имаа серија од 27 последователни победи пред своите гледачи, од кои 20 триумфи беа во тековната сезона.

OhridNews