Корпулетниот Антиќ за да стави потпис на едногодишниот договор со Атланта треба да ги мине лекарските прегледи.
Со парафирање на договорот Антиќ со златни букви ќе се запише во македонската кошарка како прв, кој настапил во америчката професионална лига и широко би ги отворил вратите за останатите кошаркари на македонско тло.
Минатите две сезони Антиќ настапуваше во Олимпијакос каде стигнуваше до две титули во Евролигата, што беше одличен репер за нов предизвик наречен НБА.