Заврши гласањето за НБА Ол-Стар мечот, кој ќе се одигра на 15 февруари во Феникс. На изненадување на сите, најмногу гласови освои центарот на Орландо, Двајт Хауард, за кого гласаа 3.150.181 навивачи, со што е соборен рекордот на сите времиња, кој пред Хауард го држеше Јао Минг.

По пребројувањето на гласовите првата петорка во Источната конференција во НБА лигата, покрај Хауард ќе ја сочинуваат:

•    Двејн Вејд (Мајами)
•    Ален Ајверсон (Детроит)
•    Леброн Џејмс (Кливленд)
•    Кевин Гарнет (Бостон)

Западната конференција како и претходните години ќе ја предводи ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант, а друштво во првата петорка ќе му прават:

•    Крис Пол (Њу Орлеанс)
•    Тим Данкан (Сан Антонио)
•    Амери Стадемајер (Феникс)
•    Јао Минг (Хјустон)
 

ohridnews