Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс е пред враќање на терените, откако успешно ја залечи повредата на препоните. Џејмс се повреди на дуелот со Голден Стејт минатата година и ова пауза за него е најдолга во кариерата поради повреда.

„Кралот“ може да се врати во петок во градската пресметка со Лос Анџелес Клиперс но докторите нема да брзаат ако кошаркарот не е максимално подготвен.

  • Ја следиме неговата ситуација секој ден. Се надевам дека за многу скоро ќе го имам на располагање, бидејќи без него тимот не е убоит. – изјави тренерот на „езерџиите“ Лук Волтон.

Враќањето на терените ќе ги израдува и симпатизерите ширум светот, затоа што Леброн Џејмс ќе биде подготвен за собирот на сите ѕвезди во НБА лигата кој е закажан во Шарлот од 12 до 14 февруари.

OhridNews