Кошаркарите на Портланд изедначија на 1-1 во полуфиналната серија од западната конференција со Денвер. „Блејзерси“ мразот во полуфиналната го скршија во вториот меч кој го добија со 97-90 на теренот од Денвер.
Екипата на Портланд до триумфот дојде со маестрална игра во одбрана. Портланд го затвори главниот адут на Денвер, Никола Јокиќ а друг кошаркар не се најде да ја поведе екипата. Србинот постигна за него скромни 16 поени, а еден помалку реализираше Мурај. Во победничкиот состав 20 реализираше МекКалум.
Третиот натпревар од полуфиналната серија се игра во Портланд.
OhridNews