Леброн Џејмс со пораз дебитираше во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, откако „езерџиите“ во „Мода центарот“ во Портланд изгубија (129-118) од истоимената екипа во првата рунда од регуларниот дел во сезоната.
„Блејзерси“ констатно го контролираа резултатот и на гостинските кошаркари им дозволија водство само во втората четвртина (35-34). Првата домаќините ја добија со 34-31, третата помина во егал 28-28, додека во последната ја направија разликата за победа 35-28.
Леброн Џејмс очекувано беше најдобар стрелец во таборот на „лејкерси“ постигнувајќи 26 поени за 37 минути игра, а додаде уште 12 скокови и 6 асистенции. Голема поддршка „кралот на кошарката“ доби од Џош Харт кој реализираше 20 кошеви. Во тимот на Портланд, Дамјан Лилард постигна 28 поени, а над поени уфрлија Стаускас (24) и МекКалум (2-1).
Во останатите мечеви кои се одиграа синоќе постигнати се следниве резултати Филаделфија – Чикаго 127-108, Вашингтон – Мајами 112-113.