„Кралот на кошарката“, Леброн Џејмс имаше кам-бек со победа во Кливленд, откако неговиот сегашен клуб Лос Анџелс Лејкерс триумфираше 109-105.

Навивачите на Кливленд, со низа пароли и скандирање на неговото име му посакаа топло добро дојде на Џејмс, кој 11 сезони го бранеше боите на „коњаницата“.

Очекувано, мотивацијата кај Леброн беше голема и евидетна. Корпулетниот кошаркар уфрли 32 поени, а додаде уште 14 скокови и 7 асистенции. Во тимот на Кливленд се истакна Џордан Кларксон кој постигна 20 поени.

„Езерџиите“ после триумфот во Кливленд имаат скор 10-7, додека кошаркарите на Кливленд имаат само две победи и не наликуваат на тим кој минатата сезона бил дел од финалето.

OhridNews