Словенскиот кошаркар Лука Дончиќ повторно беше херој на својот тим Далас кој со фантастичен пресврт успеа да го совлада Портлнад (102-101). „Телињата“ на почетокот од решавачкиот четврти квартал имаа негатива 15 поени, а до крајот на мечот предводени од Дончиќ и добрата игра во одбрана ја надополнија негативата и славеа со тесен резултат.  Дончиќ натпреварот го заврши 29 поени, 9 скокови и 6 асистенции.

Далас со скор 26-29 се наоѓа на 11-та позиција на табелата во НБА лигата, додека Портланд со 33 победи и 22 порази е на четврото место во вкупниот поредок во западот.

OhridNews