Екипата на Атланта ја забележа четвртата победа во низа, а тоа се поклопува со враќањето на Перо Антиќ во составот по повредата.

Четвртата жртва на „јастребите“ беше тимот на Шарлот, кој беше совладан со 97-83, a македонскиот интернационалец имаше „дабл дабл“ учинок од 11 поени и 10 скокови.

Со победата над Шарлот кошаркарите на Атланта стигна до 30-та победа сезонава и се наоѓаат на осмата позиција во источната конференција. 

Мх.П.