Перо Антиќ со 16 поени беше втор стрелец во тимот на Атланта во триумфот над Индијана 97-87 на домашен терен.
Македонскиот интернационалец на одличната поентарска партија додаде уште четири скока и една асистенција, а на теренот мина повеќе од 26 минути игра.
Екс репрезентативецот успеа да се запише во историјата на НБА лигата откако постигна девет тројки во три натпревари кои ги започнал.
Поефикасен од Антиќ беше Кајл Корвер, кој уфрли 17 поени додека на мечот беше Пол Џорџ од Индијана со 28 постигнати кошеви.
Мх.П.