Со синoќешните натпревари во НБА заврши регуларната сезона. Актуелниот освојувач на “прстенот“ Лос Анџелес Лејкерс е прв во западна конференција. Кливленд предводени од маестралниот Леброн Џејмс и Шекил О`нил се лидери во источната конференција. Најтрофејната екипа во НБА Бостон Селтикс ќе тргнат од 4-та позиција.


Плеј оф парови источна конференција:

Кливленд(1) – Чикаго (8)
Орландо (2) – Шарлот (7)
Атланта (3) – Милвоки (6)
Бостон  (4) – Мајами (5)

Плеј оф парови западна конференција:

Лејкерс (1) – Оклахома Сити (8)
Далас   (2) – Сан Антонио (7)
Феникс  (3) – Портланд (6)
Денвер  (4) – Јута (5)

Натпреварите од плеј оф стартуваат на 17 април.

ohridnews