Супер звездата Двајт Хаувард со 24 поени и Рафер Алстон со 18 беа предводницте во победата на “магичните“ над “коњаниците“ со 99-89.

Натпреварот број три ќе остане запаметен по рововската битка на двата краја од паркетот, пресметка во која беа направени 58 лични грешки, а кошаркарите изведоа 86 слободни фрлања. Физичката игра најлошо ја почуствува Мо Вилијамс кој по ударот со лакто на Ентони Џонсон натпреварот го заврши со 4 конци во главата.

Леброн Џејмс постигна 41 поен но немаше помош од соиграчите кои имаа очаен шут од поле 13 од 37.



Натпреварот број 4 се игра среда наутро.