Заврши регуларниот дел во НБА. Сега е време за разврската. Плеј-офот започнува на 19ти април или по нашки сабота спроти недела. Епа најдобриот нека победи.
Еве како изгледаат дуелите на западот:
1.Л.А.Лejкерс (57-25) – 8. Денвер (50-32)
Лејкерс после пауза од 8год т.е од сезоната 1999/00 го освоија западот. Вакво нешто скоро и некој да не очекуваше. Добро фановите на Л.А ама тоа го викале само за инает на другите. Лејкерс се изненадување сезонава. Еве му шанса на Коби да се закити со шампионска титула без Шекил. Според правилата ја добија најслабата екипа на западот и мислам дека нема да имаат многу проблеми со Денвер. Не дека Денвер се слаби, напротив може го имаат најјакиот напад во НБА, но затоа пак ја имаат најслабата одбрана во НБА. Едноставно не ни се трудат да играат одбрана. Мотото им е: Кош повеќе за да победиме. Иако предводени се од два суперстара Ајверсон и Кармело и од ланскиот дефанзивец на годината сепак мислам дека максимумот што може да го извлечат серијава се две победи. Лејкерс имаат одлича екипа. Коби ја одигра може својата најдобра сезона во кариерата иако не е така според бројките. Тука е Гасол, тука е Одом. Можно е враќање на Бајнам. Одлична екипа. Во регуларниот дел Лејкерси имаат чисти 3-0 со Денвер.
Прогноза : Л.А.Лејкерс – Денвер 4 – 1
2.Њу Орлеанс (56 – 25) – 7. Далас (51 – 31)
Ова треба да биде најнеизвесниот натпревар на западот и според мене најинтересниот. Играат најголемото изненадување на западот и најголемото разочарување на западот. Почетните претпоставки сигурно беа, да се сретнат овие две екипи но во спротивни улоги. Прв настап на Хорнетс во плеј-офот од кога се западот. Во обратна улога се и затоа што Далас сегогаш до сега максимумот го даваше во регуларниот дел, што не е случај годинава, за разлика од Њу Орлеанс за кој сите мислат дека максимумот го дале во регуларниот дел. Доброто за Далас е што после повредата при крај на сезоната Новитцки се врати во вистинската форма, форма приближна на ланската кога освои МВП. Неискуствто на Хорнетс во вакви натпревари може и да биде решавачко во овој дуел, но да не заборавиме дека и Хорнетс имаат одлична екипа предводена од плејот Крис Пол. Ова ќе биде натпревар на неколку одлични дуели. На плејмејкерските позиции Крис Пол – Џејсон Кид и крилните Дејвид Вест – Новитцки. Кој ќе биде севкупен победник во овие дуели ќе ја добие и серијата. Мала предност за Пол и за Новитцки. Сезонава скорот е изедначен, 2-2. И тоа кажува колку ќе биде изедначена серијата.
Прогноза : Њу Орлеанс – Далас 3-3 последната ќе решава
3.Сан Антонио (55-27) – 6.Феникс (55-27)
Уште еден интересен натпревар. Сепак ќе биде интересен повеќе резултатски одколку за гледање. Еве им голема шанса на Феникс да им вратат на Спарс за ланската елиминација во втората рунда. Тогаш Спарс победија со 4-2. Може и малку нефер беше победата, бидејќи на Феникс 5-от натпревар го одигра без Амари кој беше суспендиран за ништо. Тука во предност е Амари, бидејќи одсекогаш бил мотивиран во дуелите против Данкан. Иако сезонава има само 17.5п во просек против Сан Антоно, сепак сетете се на нивниот дуел пред три години кога Амари едноставно го растури Данкан. Тогаш имаше 37п во просек на тој дуел, но пак Сонцата изгубија. Имаат и пораз во првата рунда во 2003. Значи имаат премногу за враќање Феникс. Освен дуелот Амари-Данкан, ќе биде интересен и дуелот Неш-Паркер, но истотака ќе биде интересно како Сан Антонио ќе се снајде против високите Амари и Шек.
Каква одбрана ќе примени Попович против нив!?! Дали Шек ќе биде она вистинското сега во плеј-оф натпреварите!?!
Сезонава Феникс води со 2-1 во регуларниот дел од сезоната. Според мене Спарс и оваа сезона нема да одбранат титула. Нивниот настап ќе заврши во првото коло, значи губат од Феникс.
Прогноза : Сан Антонио – Феникс 2 – 4
4.Јута (54 – 28) – 5.Хјустон (55 – 27)
Јута иако е 4та, сепак Хјустон ќе биде екипата што ќе има предност натпревар на домашен терен. Јута како победници на северозападната конференција мораше да бидат до 4то место иако со послаб скор.
Ова ќе биде реприза на ланскиот дуел во првото коло. Се е исто. И тогаш Јута беа 4-ти ама Хјустон имаше предност натпревар. Јута победи со 4-3. Тогаш џезерите стасаа до финалето на западот, каде беа поразени од Сан Антонио. Јута ги совлада Хјустон тогаш во полн состав. Играше и Јао Минг, кој сега нема да игра поради повреда. Тоа ќе биде еден голем хендикеп за Ракетите и огромна предност за Јута под кошевите каде и се најдобри. Значи Бузер и Окур против Мутомбо и Скола. Огромна предност за Јута. За победа на овој дуел треба Ти-Мек најпосле да се покаже како прав лидер во решавачките моменти и Рефер Алстон да има свое шоу. Одбраната на Хјустон секогаш била на ниво, затоа се ќе зависи од нападот и реализацијата. Јута секогаш игра константно и има двајца лидери во тимот кој знаат кога да повлечат. Станува збор за Дерон Вилијамс и Карлос Бузер. Ако се запре барем еден од нив можен е триумф на Хјустон. Сезонава Јута води со 2-1 во регуларниот дел.
Ракометарите на Охрид денес ја пречекуваат екипата на РК Радовиш во рамки на 12 коло од Супер лигата Можност екипата да се врати на победничката патека по поразот од Алкалоид во дерби средбата мина...
УЕФА денеска со ждребка ги извлече паровите од нокаит фазата во фудбалската Лига на нации Бранителот на титулата Шпанија во 1/4 финалето ќе се сретне со Холандија, а во фудбалската класика ќе се ср...
Во недела, 24 ноември, ФК Св Троица ќе го одигра последниот натпревар од првиот дел од сезоната во третата МФЛ против ФК Преспа Овој натпревар има и хуманитарен карактер, бидејќи на него ќе биде по...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.