1.Boston Celtics(65-16) – 8.Atlanta Hawks(37-43)
После 8год пост, еве ги Атланта назад во плеј-оф натпреварите. Ова беше најдолгата активна серија во НБА. Сепак годинава ќе биде само учество во плеј-офот за Атланта. На осмиот му се паѓа првиот, а годинава на местото број еден се неприкосновените Босотн Селтикс. Го имаат најдобриот скор во НБА сезонава. Така да и една победа против нив ќе биде голем успех за оваа млада екипа на Атланта(Џош Смит, Марвин Вилијамс, Ал Хорфорд, Џош Чилдрес) и големо искуство за нив. Оваа млада екипа треба да напредува од година во година. Од друга страна овој натпревар треба да биде само едно загревање во походот кон 17та титула, прва за Гарнет, Ален и Пирс. Тие ќе бидат екипата со најголем пресврт која стасала до титулата, ако им успее тоа. Лани беа последни на истокот со 24-58. Годоинава Бостон има 3-0 во дуелите со Атланта.
Прогноза : Бостон – Атланта 4 – 0
2.Detroit Pistons(57-23) – 7.Philadelphia 76ers(40-41)
Филаделфија е најголемото изненадување на истокот сезонава. Покажаа дека можат и без Ален Ајверсон да стасаат до плеј-оф. Двоецот Андре-Андре е најзаслужен за сето ова. Причината за пласманот е солидното издание во вториот дел до сезоната т.е од 4 фебруари, која ја завршија со 22-11. Но можат само толку, да се пласираат во плеј-оф. Сезонава во дуелите со Детроит имаат скор 2-2. Највеќе што можат да си дозволат, е една победа во плеј-офот. Самиот факт што Детроит веќе 5 сезони по ред игра во финалето на истокот, зборува за нивниот квалитет. Ова ќе биде дуел на кој одбраната ќе биде главно оружје на двете екипи, но се знае кој тим има најдобра одбрана. Детроит треба да се пласира во 6тото по ред финале на истокот.
Прогноза Детроит – Филаделфија 4 – 1
3.Orlando Magic(51-30) –6.Toronto Raptors (41-40)
Ова треба да биде еден од поинтересните дуели на истокот. Торонто разочараа малку сезонава, но тоа е така бидејќи на 11 натпревари играа без нивната ѕвезда Крис Бош. Загубија 9 од овие 11 натпревари. Исто треба да се напомене и дека околу 35 натпревари играа без Ти-Џеј Форд. Ова треба да биде дуел на центарските позиции. Двајт Хауард против Крис Бош. Мала предност му давам на Двајт. На плеј позицијата Торонто се во голема предност, знаејќи дека Калдерон и Ти-Џеј се најдобриот двоец плејмејкери во НБА. Предноста на крилните позиции е на страната на Орландо, Рашард Луис и Туркоглу. Додека резервите се во предност на Торонто. Ова може и да биде решавачко во овој дуел. Но Орландо е константен во своите настапи сезонава, за разлика од Торонто кој игра топло-ладно. Ако Торонто одигра на највисоко ниво тогаш треба да бидат победници на овој дуел, но се сомневам во тоа. Сезонава Орландо води со 2-1 во нивните дуели.
Прогноза : Орландо – Торонто 4 – 3
4.Cleveland Cavallers (45-36) –5.Washington Wizards (43-38)
Прогноза : Кливленд – Вашингтон 2 – 4