Магичните од Орландо, успеаа да ги задржат “лејкерси“ во регуларниот дел но не издржаа во екстра времето. Втора победа во финалната серија за 2-0 водство на Коби и езерџиите.
До победата со резултат 101-96 домаќините ги предводеше Брајант кој постиган 29 поени, Гасол имаше дабл -дабл учинок 24 поени и 10 скока, додека Одом придодаде 19 поени. Кај поразените Луис постигна 34 поени, додека Хаувард мечот го заврши со 17 поени и 16 скока.
Наредниот натпревар се игра вторник наутро во Орландо.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com