Орландо како гостин го победи Кливленд со 107-106, нанесувајќи им го првиот пораз во пост сезоната. Двајт Хаурд со 30 поени и Рашад Луис со 22 ги предовдеа “магичните“ во победата по која имаат 1-0 предност во финалната серија на Истокот.

Горчината на поразот и тоа на домашен терен, само трет во 46 натпревари, го почуствува Леброн Џејмс кој натпреварот го заврши со 49 поени, 8 скока и 6 асистенции.

Натпреварот број 2 се игра утревечер.