Коби Брајант и “Лејкерсите“ се пласираа во финалето од НБА лигата, втора година поред 30-ти пат во својата историја. “Езерџиите“ предводени од Брајант ,35 поени и 10 асистенции, го совладаа Денвер со 119-102 и со 4-2 ја добија серијата не дозволувајќи шок меч 7 во “Стејплс“ центарот.

За тренерот на “лејкерсите“ Фил Џексон ова ќе биде можност да стигне до десетиот шампионски прстен.

Во источното финале, Двајт Хаувард и  Орландо имат 3-2 предност над Ле Брон Џејмс и Кливленд.

М.П.