“Езерџиите“ ја искористија првата прилика и се реваншираа на Денвер совладувајќи го на домашен терен со 103-97 со што  поведоа во финалната серија на западот со 2-1.

Коби Брајант помина 41 минута на паркетот постигнувајќи 41 поен, 13 во последниот  одлучувачки период кој гостите го добија со 32-18, доволни за пресврт и победа. По Гасол приодаде 20, а Тревор Ариза 16 поени.

Дури шест играчи во домашната екипа постигнаа двоцифрен број на поени, а ги предводеше Кармело Ентони со 21.


Натпреварот број 4 се игра во Вторник наутро.

М.П.