Со синоќешните натпревари од плеј оф почна НБА лудилото. Домаќините триумфираа на сите четири натпревари.

Екипата со најдобар скор во НБА лигата, Кливленд поведе во серијата со Чикаго, Леброн Џејмс со 24 поени, 6 скокови, 5 асистенција и 4 блокади ги предводеше кавалирс до триумф над Булси.



Освојувачот на најмногу “прстени“ во НБА Лигата Бостон Селтикс го запре нападот на Мајами во второт полувреме, а тоа воедно значеше и победа над Мајами Хит. “Жешките“ во второто полувреме уфрлија само 32 поени. Кевин Гарнет беше најефикасен кај “детелините“ со 15 поени, 9 асистенции додека кај Мајами најефикасен со 26 поени, 8 скока и 6 асисинтеции беше Двејн Вејд.

Резултати: Кливленд (1) – Чикаго (8) 96-83, Атланта (3) – Милвоки (6) 102-92, Бостон (4) – Мајами (5) 85-76, Денвер (4) – Јута (5) 126-113