Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс на крилата од тандемот Леброн Џејмс – Ентони Дејвис победи во третиот натпревар со 116-108 и го презеде водството (2-1) во серијата со Портланд.
„Езерџиите“ клучната разлика за победа ја направија во третата четвртина кога постигнаа неверојатни 40 кошеви, а примија 29. „Лејкерси“ го презедоа водството и не го испуштија до крај за предност во пресрет на решавачките мечеви од серијата. Портланд добро го отвори натпреварот. Првата четвртина ја доби со 29-25, а во втората ситуацијата не се промени откако заврши 28-28. Последниот квартал го доби минимално Лејкерс (23-22) за осигурување на победата.
Тандемот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис одиграа речиси перфектен натпревар и беше најзаслужен за триумфот. Џејмс реализираше 38 поени со дополнителни 12 скокови и 8 асистенции додека Дејвис мечот го заврши со 29 кошеви, 11 скокови и 8 асистенции. Кај Портланд најефикасе беше Дамјан Лилард со 34 поени.
Резултати:
Орландо – Милвоки 107-121 (2-1)
Мајами – Индијана 124-115 (3-0)
Оклахома – Хјустон 119-107 (1-2)
Портланд – ЛА Лејкерс 108-116 (1-2)
OhridNews