Екипата на Лос Анџелес Клиперс поведе со 2-1 во серијата со Далас Маверикс, откако во третиот натпревар од првата рунда во плејофот славеше со 130-122.

„Клиперси“ водството за победа и предност во серијата го направија во втората и третата четвртина во кои се стекнаа со позитива од 17 поени разлика. Првата заврши изедначено, додека во решавачката последна четвртина Далас беше подобар, но тоа беше доволно да го ублажи поразот.

Предводник на ЛА Клиперс беше Каваи Ленард кој постигна 36 поени, а додаде уште 9 скокови и 8 асистенции. Располежени за игра во победничкиот состав беа Кари и Хардевеј, кои искомбинираа 44 кошеви. Кај Далас најпрецизен беше Порзингис со 34 поени, а Дончиќ заврши со скромни 13 кошеви.

Резултати:

Бруклин Нетс – Торонто Рапторс 92-117 (0-3)

Јута Џез – Денвер Нагетс 124-87 (2-1)

Филаделфија 76 – Бостон Селтик 94-102 (0-3)

Далас Маверикс – ЛА Клиперс 122-130 (1-2)

OhridNews