Екипата на Лос Анџелес Лејкерс изедначи (1-1) во серија со Портланд, откако победи во вториот натпревар со убедливи 111-88.

„Езерџиите“ до првиот триумф во плејофот стигнаа благодарание на Ентони Дејвис, кој одигра маестрален натпревар. Дејвис за само 29 минути на теренот успеа да постигне 31 поен, а додаде уште 11 скоков и три асистенции.

Во преостанатите мечеви, синоќа, победи забележаа Мајами со 109-100 за водство 2-0 во серијата со Индијана, Хјустон кој славеше со 111-98 за предност 2-0 и Милвоки кој победи со 111-96 за егал во серијата со Орландо.

Резултати:

Индијана – Мајами 100-109 (0-2)

Хјустон – Оклахома 111-98 (2-0)

Милвоки – Орландо 111-96 (1-1)

ЛА Лејкерс – Портланд 111-88 (1-1)

OhridNews