Екипата на Бостон Селтикс ја искористи предноста на домашен терен и поведе во финалето од плеј-офот во НБА лигата против Далас со 1:0.
Селтикс ноќеска славеа со 107:89.
Шестмина кошаркари на Бостон имаа двоцифрен учинок. Браун уфрли 22, Порзингис 20, Тејтум 16, Вајт 15, Хорфорд 10, Холидеј 12. Во редовите на Далас единствено расположен беше Дончиќ со 30 поени.
Вториот меч од серијата исто така се игра во Бостон.
OhridNews