Суперѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ се обвини себеси за поразот од Бостон Селтикс со 98-105 во вториот натпревар од финалето на НБА. Словенецот го заврши натпреварот со 32 поени, 11 скока и 11 асистенции, но направи и 8 фаули и шутираше 4/8 од пенал линија.

Грешките и промашените удари од слободните од моја страна не чинеа натрпреварот. Морам да се справам многу подобро бидејќи на крајот од денот мораме да реализираме, за да победиме, рече Дончиќ по мечот.

Далас заостанува 0:2 во серијата пред двата домашни натпревари во Тексас. Третиот натпревар од пресметката се игра во четврток наутро во 2:30 часот по наше време.

OhridNews
Фото: МИА