“Магичните“ од Орландо втора година по ред ќе бидат дел од НБА разигрувањето.Минатата сезона беа елиминирани во првата рунда со убедливи 4-0 од Детроит. Ова е нивно  10 то учество во плеј-офот. Два пати играа  во финалето на истокот, а во ерата на Шек и Пени Хардавеј и во финалето на НБА каде во сезоната 1994/95 беа совладани со чисти 4-0 од Хјустон.

Сезонава Орландо се засили уште пред почетокот на сезоната. Откако го прибраа најатрактивниот од слободните агенти Рашард Луис, очекувањата на прогнозерите беа конкурентен Орландо во трката за тронот на истокот.

Се очекуваше дека триото Двајт Хауард, Рашард Луис и плејот Џамир Нелсон ќе бидат носители на играта на Орландо, но на местото на Нелсон се уфрли Турчинот Туркоглу, кој ја одигра сезоната на кариерата. Има просек од 19.5п 5ас 5.8 скока по натпревар.  Тој е најконстантниот играч на Магичните сезонава.



Сепак како ѕвезда во екипата се промовираше годинашниов победник во забивање на 0л-стар натпреварот Двајт Хауард. Од него се очекува да биде новиот Шек во лигата. Станува збор за играч кој е доминантен во рекетот. Лидер во НБА по бројот на дабл-дабл натпревари, лидер според бројот на скокови по натпревар. Многу  се очекуваше од Луис, да биде втор играч подршка за Хауард, но тој падна во сенка на претходниве двајца. Ова трио во просек постигнува по околу 60 п по натпревар. Вистинскиот проблемот кај Орландо е немање подршка од клупата, особено на центарските позиции.

Орландо сезонава треба да го поминат првото коло, но во второто коло налетуваат на екипата на Детроит и се очекува тука да биде и нивниот крај. За нешто повеќе, ќе треба малку поголема помош од клупата, како и подобра игра на стартниот плеј Џамир Нелсон.