Ова ќе им биде трето учество во плеј-офот во серија за Кливленд. Ќе ја бранат титулата на истокот освоена лани кога во финалето на истокот ги совладаа Детроит со 4-2 и за прват во нивното 38 годишно учество во НБА се пласираа во финалето на НБА. Таму беа преслушани со чисти 4-0 од Сан Антонио.
Играта на Кливленд се базира на инспирацијата на феноменалниот ЛеБрон Џејмс. Кралот се наметна како најдобриот индивидуалец што моментно игра во НБА и еден од најдобрите индивидуалци на сите времиња. Едноставно типот е незапирлив. Има одличен физикус, цврст, силен, со неверојатен одраз и големо чувство за играта. Му треба само малку да го поправи шутот и ќе биде навистина незапирлив. Годинава ја игра најдобрата негова сезона. Лидер е во НБА според бројот на поени над 30 по натпревар. На сето ова додадете и над 8 скока и над 7 асистенции по натпревар. Имаше 7 натпревари со над 40п од кои 2 беа над 50п.
Беше МВП на алл-стар натпреварот, еден е од главните кандидати за МВП на регуларниот дел. Сето ова говори за неговата игра. Но ни Херкул против двајца. Му фали некој играч на кој може да се потпре некој кој ќе го замени кога ќе биде удвоен, утроен, кога нема да му оди. Најблиску до таа позиција се плејот Дени Гибсон и центарот Илгаускас, но тие не се константни во нивната игра.
После трампата со Чикаго и Сиетл донесоа прилично солидни кошаркари во своите редови, но и дадоа добри кошаркари. Сепак мислам дека беше добар потег да се ослободат од Дру Гуден, Лери Хјуз и Дониел Маршал, а за нив да ги донесат Џо Смит, Воли Шчербијак, Делонте Вест и Бен Валас. Може не требаше Биг Бен да го земат пошто повеќе им пречи него што им е од помош, но што е тоа е. Освен ЛеБрон другите се скоро тука некаде според своите квалитети па така тешко е да се пронајде вистинската петорка. Според мене треба да се проба со Шчербијак како стартер, бидејќи таков и играч му треба на Џејмс како подршка некој со солиден шут. Треба да се спомнат и играчите од старата гарда крилата Варежао и Павловиќ, како и тројкашот Дејмон Џонс. Може се просечна екипа вака наизглед, но со ваков лидер се е можно.
Значи второ коло максимум. Кливленд(ЛеБрон) = Филдалфија(Ајверсон).