Трето учество по ред на Лејкерс во плеј-оф. Четврта сезона без Шек во тимот. И на голема радост на огромниот број навивачи на Лејкерс и пред се на Коби овојпат Езерчиите најпосле создадоа конкурентен тим. Тим кој може да им ја донесе 15та титула. После Њу Орлеанс, Лејкерс се второто пријатно изненадување во НБА .
Што се смени што Лејкерс станаа конкурентни на западот па дури и го освоија!?! Промената во тимот е никој друг него Коби Брајант. Најпосле го смени стилот на игра и почна да ги гледа соиграчите околу себе. Не му беше важно дали ќе биде прв стрелец, туку важно му беше неговиот тим да победи. Сезонава имаше просек од 28.6п по натпревар за разлика од ланските 31п по натпревар или 35п во годината пред тоа. Се случуваше да не му оди на Коби, но Лејкерс пак да победат. Тоа беше нешто што во претходните сезони не можеше да се случи. Најпосле Коби созреа во еден вистински лидер и ги направи другите околу себе да бидат многу подобри отколку што реално се. Со овие партии што ги покажа сезонава е еден од главните конкуренти за МВП сезонава.
Другото оружје што го добија сезонава Лејкерс беше младиот центар Ендрју Бајнам. Прикажа одлични партии сезонава. Се наметна како втора опција во нападот на Лејкерс. Играч кој доминираше под својот и под противничкиот обрач. И таман почна константно да прикажува солидни партии, малер за Лејкерс, се повреди. Но не чекаа премногу од управата на Лејкерс. Го ангажираа центарот на Мемфис, По Гасол. За да го донесат него Лејкерс се ослободија од Квејми Браун, Арон Мекки, Џаварис Критентон и нешто ситно, драфт избори. Ова беше најдобрата трампа сезонава што некој тим успеа да ја направи. Со доаѓањето на Гасол во Л.А, Лејкерс веќе станаа тим со шампионски амбиции. Во 26те натпревари колку што Гасол ги одигра за Лејкерс, тимот од Л.А има само 4 порази. Од остатокот треба да се спомене одличниот Одом кој е многу драгоцен играч. Може да игра било што шо се вика, ол-раунд играч и голем работник на теренот. На почетокот на сезоната не беше во форма, но како се ближи крајот так ја подобрува својата игра и се прилагодува на новата улога во тимот. Во првата постава е и плејот Фишер кој ќе надополни со некоја тројка, исто како и Србинот Владимир Радмановиќ. Како одлична подршка сезонава од клупата се покажаа бековите Џордан Фармер и Словенецот Саша Вујачиќ. Едниот беше солиден до фебруари, а другиот после тоа. Тука се и Валтон и Туријаф на крилните позиции, како и Тревор Ариза кој е поверден и изненади на неколку партии. Лејкерс најпосле имаат и клупа!
Лејкерс минат прво коло! Тоа сигурно! За понатаму не се знае, бидејќи сите екипи ќе бидат со ист квалитет, па ќе одлучуваат , срцето, мотивот, борбеноста и тимскиот дух. Сето тоа е на страна на Лејкерс сезонава. Ако се напомене и дека Бајнам ќе се врати во плеј-офот, тогаш Лејкерс се уште посилни. Единствен проблем може да биде неговата неуиграност со Гасол и неговото долго отсуство од терените. Но Фил Џексон е доволно искусен за да направи таква грешка. Останува да видиме до каде ќе стасаат сезонава.
Извршниот директор на тренерскиот одбор на Евролигата Горан Шашиќ најави враќање на руските тимови во елитното европско кошаркарско натпреварување од следната сезона Неговата изјава за руски „Спорт...
Фудбалерите на Охрид во рамки на 17-то коло од Втората македонска фудбалска лига денес гостуваат кај екипата на Арсими Натпреварот се игра денес со почеток во 14 часот на стадионот во Гостивар Ohri...
Ракометарите на Охрид во рамки на 19-то коло денес гостуваат кај Тинекс Пролет во Скопје Овој меч е важен за „гладијаторите“ за рехабилитација по поразот од Е Пелистер во дербито и задржување на че...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.