Далас обезбеди учество во плеј-офот осми пат по ред. За разлика од претходните сега не се форсираа толку во регуларниот дел. Подучени од лани кога завршија како први на западот, а беа елиминирани уште во првото коло од Голден Стејт. Пред две години го имаа најголемиот успех во ниванат историја кога стасаа до големото финале каде што беа поразени од Мајами со 4-2.

И морам да признаам дека најпосле добра тактика почнаа да применуваат. Екипата мора да го даде максимумот во плеј-оф средбите. Далас претходно не го правеше тоа. Всушност максимумот го даваше на секоја средба, без разлика дали било тоа регуларен дел или плеј-оф, но тоа не им се исплати досега.

Имаа една мала криза Далас на почеток на сезоната. При крај на ноември и почетокот на декември имаа 6 порази во 8 натпревари и тоа во полн состав.  Нешто не штимаше кај Далас. Тоа како да го запали црвеното светло кај Кјубан па реши да носи искуство во тимот. И претходно беше заинтересиран Џејсон Кид, но неможеше да се спогоди никако за него. Сега реши да го донесе по секоја цена. И го донесе! За него ги даде малдиот и надежен плеј Девин Херис, центарот Диоп, Морис Агер и Трентон Хесел и плус право на драфт пикови. Со носењето на Кид се ограничи на: Или титула или реконструкција!!! Но Кид не го даде саканиот ефект во натпреварите. Далас пак не беа на ниво од претходните години. Проблемот беше кај Новитцки и Хауард. Особено кај Германецот. Не беше константен во своите изданија. Беше далеку од ланската МВП сезона во регуларнот дел. Проблемот кај Далас беше што премногу натпревари изгубија од главните конкуренти на западот. Значи не можеа да играат со фаворитите. При крајот на март на натпреварот со Сан Антонио се повредува Дирк Новитцки и се предвидува дека ќе паузира до почетокот на плеј-офот. Повреда во многу лош момент. Доаѓаат порази од Денвер и Голден Стејт и Далас вчегува веќе во битката за последно место во плеј-оф и сите веќе го отпишаа како учесник во плеј-оф. Сепак после пауза од 4 натпревари изненадно се враќа Дирк и тоа во може најбитниот натпревар со Голден Стејт, Далас победува, потоа и победи и со Феникс и Јута и Маверикс вегуваат во плеј-оф.  

Доброто е што пред почетокот на плеј-офот го имаат стариот Новитцки. Истиот борбен, со незапирливиот шут. Хауард повторно сезонава е само добра подршка за Новитцки. Ги игра првите три четвртини, а во решавачките моменти топката е кај Дирк или кај Џејсон Тери. Тери за разлика од претходните години сега на повеќето натпревари беше подршка од клупата. Кид се уште знае како да додава, но нема шут и тоа е голем проблем кај него. Од кога дојде во Далас нема трипл-дабл. Се уште го чека својот 100ти. На позиција стартен центар е Ерик Дамипе. Тој е задолжен за одбраната. Треба да се споменат и откритието на сезоната на Далас, високото крило Брендон Бас. Одличен кошаркар пред се во одбраната, но знае да одигра и во напад. Тој може е причината што Далас не беа разочарување на годината. Тука е и стандардниот 6ти играч на Далас во последниве години Џери Стекхаус, како и ветеранот Еди Џонс.

Иако немаа перфектна сезона, сепак Далас се екипата кој никој не ја посакува во плеј-офот. Ги знаат можностите на сите играчи и знаат дека регуларниот дел може беше само рутина од страна на Далас. Далас имаат феноменален тим,  тим кој игра одлична одбрана, тим кој има искуство на големи натпревари, тим со одличен тренер во Ејвори Џонсон и имаат играчи кој знаат да превземат одговорност во решавачките моменти. Имаат екипа за титула, но тешко да ја освојат. Максимум до финале на запад.