Четврто учество по ред на Феникс во плеј-оф натпреварите. Ова за нив беше очекувано. Сепак се мало разочарување, бидејќи се очекуваше дека Сонцата ќе бидат една од лидерските екипи на западот. Лани испаднаа од Сан Антонио во втората рунда, кога изгубија со 4-2. Се крена многу врева за тој дуел, бидејќи може да се рече дека неправедно без казнети Стадемаер и Диао со еден натпревар неиграње, поради брната реакција за фаулот на Хори над Неш и го пропуштија 5-от каде Спарс поведоа со 3-2. 

Сезонава Феникс продолжија со својата препознатлива run & gun игра. Тие се третата екипа според бројот на постигнати поени во просек со 110.2п. Тој концепт на играње траеше до 06.02.2006 кога управата на Феникс се решава многу храбар и ќе видиме колку логичен потег, носење во екипата на Шекил О`нил, а за возврат Феникс во Мајами ги прати Мерион и Маркус Бенкс. Со оваа трампа Феникс стана најмоќната екипа под кошевите. Амари Стадемаер доби повеќе слобода во играта со заминувањето на Мерион и го искористи чувањето на Шек, човек на човек. Се врати на својата вистинска позиција крилен цнтар и покажа феноменални партии. Ако сезоната почнуваше со трампата на Мерион, тогаш Амари дефинитивно ќе беше единствен избор за МВП. Во тој дел од сезоната има над 29п и над 9с по натпревар. Тоа се феноменални бројки за него, ако се знае дека со Мерион имаше околу 22п со 9с во просек, пред тоа.

Шек полека полека се снајде во тимот на Феникс. Уште кога го земаа не се очекуваа партии какви што прикажувал порано, туку го земаа заради искуството и доминацијата во рекетот како во нападот така во одбраната. Шек ќе биде од голема корист особено против екипите кој се повеќе ориентирани на одбрана т.е на бавна игра. Но со доаѓањето на Шек, некако како да паднаа во формата бековите. Дали поради концептот на игра или стварно не им оди тоа не може со сигурност да се тврди. Неш почнаа да го притискаат годините, па некако како да намали со интезитетот на играта. Не е толку константен како порано. Имаше премногу лоши партии сезонава. Чуството за доавање нема никогаш да го изгуби, но полека ќе паѓа кондиционо. На почетокот на сезоната изненади Грент Хил, кој покажа дека не заборавил како се игра кошарка. Имаше неколку одлични натпревари во првиот дел на сезоната. Но падна во формата и тој во вториот дел, пак некоја ситна повреда и изгуби во константноста. Првата петорка ја потполнува Раџа Бел. Тој е задолжен за бековите на противничката екипа и за полнење на противничкиот кош од далечина. Како главна подршка од клупата се замената на 1 и 2, Леандро Барбоса, Хрватот Гордон Гиричек и крилото Борис Диао. Барбоса е играчот на кој ако му тргне шутот нема запирање, но исто така многу брз играч и тежок за чување. Мана му е што кога ќе ја прими топката нема враќање.

Ова треба да биде последна сезона во обидот Сонцата најпосле да ја освојат својата прва титула во нивата историја со овој тим. После оваа сезона треба малку реконструкција во тимот. Малку подмладување. Шек и Неш може ќе играат уште 2-3год, но нема да биде на нивнто ниво. Мала предност им давам против тимовите како Спарс, Хјустон, Јута, Далас, но против брзите тимови треба да се практикува помала минутажа на Шек.

Спортал