Како се пласираа Вашингтон во плеј-оф и вака ослабнати!?! Тоа изгледа на никој не му е баш јасно. Целиот товар после повредата на Ариснас го превземаа Батлер и Џејмисон. И двајцата имаа неколку феноменални партии и беа добри предводници на тимот во отсуство на Агентот 0. Батлер сезонава имаше просек нешто над 20п по натпревар. Имаше и три натпревари на кои оствари трипл-дабл учинок.
Сепак моторот на екипата беше Ентоан Џејмисон. Досега секогаш играл одлично, но секогаш бил во сенка на некој друг. Сезонава на повеќе утакмици имаше можност да биде лидер и тоа го искористи. Голем работник на тернот, играч кој секој би го посакал во тимот. Имаше и настап на алл-стар натпреварот во Њу Орлеанс. Сезонава имаше просек од 21.4п и 10.2с по натпревар. Треба да се додаде и ДеШон Стивенсон, кој треба да го полни кошот на противникот од линијата за три. Имаше неколку одлични шутерски мечеви сезонава. Петорката ја потполнува центарот Брендон Хејвуд. Не е нешто посебно, но за подршка играч при вакви ѕвезди е доволен, неговата работа пред се е во одбраната. Иако кога не играше Батлер, на некои натпревари беше и втора опција во нападот и добро се снаоѓаше во таа улога. Треба да се споменат и рукито Ник Јанг кој го искористи неиграњето на Аринас и се промовираше како прилично солиден кошаркар, кошаркар за кој има иднина. Беше одлична подршка од клупата. Имаше неколку солидни утакмици, утакмици на кој беше главната ѕвезда. Тука се уште и вториот плеј, искусниот Антонио Дениелс, крилниот центар Андреј Блетчи и бекот Роџер Месон.
Сите ги отпишуваат Вашингтон, но треба да се пази на нив во плеј-офот. Имаат трио кое на секој натпревар постигнува над 60п и имаат далеку поискусен тим од претходните години. Лани беа елиминирани само затоа што Батлер и Аринас беа повредени, па Џејмисон не можеше сам, но оваа година покажаа дека и така можат да победуваат. Ако не па имаат позитивен скор со Бостон сезонава 3-1 и тоа без Аринас. Првото коло според мене треба да го поминат.