Сезонава Џезерите имаа среќа што се наоѓаат во најслабата дивизија на западот. Па така како освојувачи на Северозападот ќе можат да бидат на 4-то место иако според скорот треба да бидат на 6-то. Сепак како и да се пласирани не им се паѓа послаб противник во плеј-офот.
Ништо чудно и годинава Јуат да стасаат таму кај што беа лани. Иако никој не смета на нив сепак тие имаат тим за високи дострели. Да не им беше месецот декември, во кој имаа 5-11 може ќе беа место погоре на западот. Главен адут им е плејот Дерон Вилијамс. Фантастичен играч. Плејмејкер кој секој би го посакал во тимот. Добро чувство за додавање, добар ораганизатор на играта, има добар влез и знае да погоди тројка иако не форсира шут од далечина. Сезонава има 19.0п и 10.6ас по натпревар. Има 52 дабл-дабл натревари, со што е на 4то место во НБА или на 2ро од бековите. Крис Пол има 54. Трет асистент во лигата. Дерон е иднината на плеј позицијата во НБА. Друг адут или втора ѕвезда во тимот е крилниот центар Карлос Бузер. Вилијамс е мозокот, а Бузер е срцето на тимот. Голем борец, голем работник на теренот. Ја игра може својата најдобра сезона во НБА досега. За тоа беше почастен и со учество на ол-стар натпреварот.
Првата постава ја потполнуваат Мехмет Окур, Андреј Кириленко и ланското руки, бекот Рони Бруер. Мемо е човекот кој никако не треба да го оставате сам на полудистанца или на тројка. Типичен Европски центар кој може да погоди од секоја позиција. Ако му тргне тешко на противничкиот тим. Може и неговото отсутво во декември да се гледа како клучно за тогашната агонија на Јута. Кириленко својот придонес го дава во одбраната. Со својата борбеност и одраз и одличното чуство за блокада е еден од најдобрите одбрамбени играчи во НБА. Сезонава не троши толку топки во нападот, се помири со фактот дека нападот не е за него. Бруер одигра одлична сезона за него, ги искористи сите шанси што му се укажаа и иако е 4та опција во нападот има за него одлични 12п по натпревар. Тој е човекот контра во Јута. Иако е бек тројките не се негова специјалност. Кога стамува збор за тоа подрачје тука е Кајл Корвер. Тој дојде од Филаделфија како замена за Гиричек. Одлична трампа од страна на Јута. Треба да се спомене и високото крило Пол Милсап кој уште лани покажа дека е квалитетен и дека има иднина во него, но се додека се Окур и Бузер во тимот ќе биде подршка од клупата. И да не го заборавам Мет Харпринг, кој пред 3-4 години беше и предводник на Јута, но како изминува времето се помалку и помалку добива шанса.
Јута е тимот кој има најдобар скор сезонава на домашен терен. Имаат само 4 порази. Па домашниот терен треба да им биде јака страна. Ако успеат да откинат барем една победа како гости во плеј-офот може пак да го повторат успехот од лани. Имаат екипа за таков подвиг.