Детроит повторно убедливо се пласираа во плеј-офот. Повторно се фаворити од сенка но “никој“ не се надева дека ќе станат шампиони. Луѓето стално забораваат на нив, но дечките во последниве 6-7 год играат одлична кошарка. Од сезоната 2002/03 Детроит нема пропуштено финале на конференција. Два пати стасуваа до финалето на НБА. Еднаш и го освоија 2004 кога ја растурија ерата на Коби и Шек, а во 2005 беа поразени од Сан Антонио.
Нивната игра главно се базира на тимската игра, борбеноста и одличната одбрана. Исто како и минатата година покажуваат дека Бен Волис не бил одбраната туку за тоа е заслужна целата екипа. Доброто за нив, е што се лесно прилагодлива екипа како и тоа што Пистонси немаат некој супрестар.
Имаат доста солидна прва постава. Господинот (big shoot) Чонси Билапс ,неуморливиот Ридард Хамилтон, “плус минус” играчите Тајшон Принс и Рашид Валас кои ако им оди никој не ги запира, но ако не им оди не ја форсираат многу а петорката ја потполнува МекДајс кој најпосле сезонава доби вистинска шанса како стартер и одлично ја користи. Одличен е во одбраната, а во нападот не троши многу топки.
Имаат и солидна клупа, не толку шутерски расположена колку одбрамбено. Откритието на сезоната им е Џејсон Максиел. Инзвонреден одбрамбен играч. Тука е и дојденецот на полусезона искусниот центар и се уште одличен во одбраната Тио Ретлиф како и рукито Родни Стаки кој е чисто офанзивен исто како и Џарвис Хејс.
Годинава имаа две двоцифрени серии една 10-0 и една 11-0. Тие се втората најдобра дефанзивна екипа во лигата со примени 90.7п по натпревар. Дури четворица имаат со просек по над 10п по натпревар. Билапс, Хамилтон. Принс и Рашид.
Сезонава Детроит се очекува да дотуркаат до 6-то по ред финале на конференција. Значи финалето на истокот треба да биде Бостон-Детроит.
Кошаркарите на Охрид во втората полу-сезона од Втората кошаркарска лига го играат првиот меч на гостински терен против екипата на Маџари од Скопје Натпреварот ќе се одигра во недела, 26 јануари, со...
Лигата на шампиони во фудбал која од оваа сезона се игра во нов формат, по пауза од еден месец се врати на спортската сцена Синоќа на програмата беа девет натпревари колку што ќе се одиграат и дене...
По пауза од еден месец се враќа фудбалската Лига на шампиони Во една недела ќе се одиграат седмото и осмото коло од групната фаза, а денеска и утре се закажани по девет натпревари Денешната програм...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.