Очекувано,“детелините “ од Бостон без никави проблеми се најдоа во плеј-оф и тоа убедливо како лидер на истокот. “Реновираниот“ тим на Бостон, засилен со двата ол-стар играчи Кевин Гарнет и Реј Ален, дополнети со староседелецот Пол Пирс одлично си ја завршија работата во регуларниот дел. По пауза од две години, тие се повторно во разигрувањето. Лани, беа последни на истокот со скор од 24-58.


пазете се ! !

По одличниот старт 8-0, стигнаа до фантастични 30-3, а најчестото прашање беше може ли да падне рекордот на Чикаго од 72-10. Падот во формата ги чинеше 3 порази во 4 напревари од просечни екипи од истокот. Следуваше критичниот момент, повредата на Гарнет. Сите, меѓу кои и јас, мислеа дека без Гарнет нема да биде толку квалитетен Бостон, но напротив Келтите покажаа карактер и во 9 натпревари без него загубија само двапати. При тоа на списокот беа придодадени Сан Антонио и Далас.

Кевин Гарнет и Пол Пирс се моторите на оваа екипа. Ако нив двајца не им оди рака, тука е  Реј Ален да дополни со некоја тројка. Со вакви играчи Бостон е екипата со која не сакате да влезете во неизвесна завршница. Изненади нивниот стартен плеј, минатогодишниот руки Рондо, како и нивниот центар Перкинс. Рондо одлично се надополнува на фантастичната тројка дури имаше и некои мечеви кои беа добиени заради неговите одлични перформасни. Истото важи и за Перкинс кој се покажа како солиден одбрамбен играч и заедно со Гарнет прилично ги мачат центрите на противничката екипа кога се во напад. Кога на овие петорка ќе се додаде прилично солидната и искусна клупа предводена од тројкашот Еди Хаус, солидниот во одбрана Џејмс Поуси и  Сем Кесел, Бостон се екипата со најголеми шанси за титулата и екипата која сите ќе сакаат да ја елиминираат.


спремни да ја обојат титулата во зелено

Моја претпоставка е дека Бостон ќе игра во финале на истокот. Ако не се случи некое чудо или некоја несреќна повреда на еден од триото, ќе има финале и највероватно титула, бидејќи покажаа дека можат да се носат и со “дивиот“  запад годинава. Ќе се обидат да ја освојат рекордната 17-та титула во НБА. Последен пат се радуваа во 1986 та.