Второ учество по ред во плеј-оф за Ракетите. Тешко дека некогаш ќе се врати ерата на Дрекслер-Олајџувон и двете и единствени титули на Хјустон во времето на Џордан т.е кога Џордан беше во безболот. Доаѓањето на Ти-Мек во Хјустон значеше и присетување на тие времиња, но Хјустон немаат среќа. Мака мачат со повредите на двата суперстара, Трејси МекГрејди и Јао Минг.

Така беше и годинава. Јао Минг пропушти 27 натпревари, од кои последните 26 натпревари од сезоната и нема да игра во плеј-оф натпреварите. Додека Трејси МекГрејди пропушти 17 натпревари. Или што би се рекло заедно овие двајца одиграа само 38 натпревари, каде што скорот е 28-10.

Хјустон многу лошо ја започна сезоната. После првите два месеца, имаа негативен скор од 15-16. Потоа малку поправија и после 44 натпревари имаа 24-20, И тогаш доаѓа тој клучен датум во историјата на Хјустон. 29.01.2008 натпреварот со Голден Стејт, каде Хјустон победуваат и прават низа од неверојатни 22 победи по ред што ги стави на 2-то место на вечната листа на НБА според оваа категорија. Цели 45 дена. Оваа серија им ја спаси сезоната на Ракетите. Многу е битно да се знае дека дури 11 натпревари беа добиени во оваа серија со отсуство на една од двете ѕвезди. Последните 10 беа без Јао Минг кој се повреди (скршеница на левото стапало). Заслугите за оваа серија одат на целиот тим. Едноставно сите играа. Се бараше човекот на кој му оди. И да не ја заборавиме одбраната. Хјустон е на 4то место според бројот на примени кошеви во НБА, 92 п примени по натпревар. Ако треба да се истакнуваат поединци. Тоа е стартниот плеј Рефер Алстон, кој го искористи неиграњето една од двете ѕвезди и се наметна како втора опција во нападот. Имаше неколку феноменални изданија, особено за време на серијата од 22 победи. Ќе го издвојам натпреварот со Лејкерс на кој постигна carier – high 31п (8 тројки). Потоа за издвојување е Аргентинецот, рукито Луис Скола. Кој го искористи неиграњето на стртниот центар Јао и прикажа одлични партии во вториот дел од сезоната, каде имаше околу 13п и 8.5с по натпревар. Со овие партии влезе во потесниот круг за руки на годината. Нема да биде незаслужено ако и нему му припадне наградата. Потоа ветеранот Дикембе Мутомбо. Кој покажа дека сеуште има срце, дека иако има 41год може да се носи барем 20мин со центрите од противничките екипи. Треба да се споменат и шутерите Шејн Батие и Лутер Хед и нивниот придонес со шутевите од далечина, како и надежното руки Карл Ландреј кој на неколку натпревари покажа дека има квалитет и може да се смета на него под кожевите. И да не го заборавам, вториот плеј, дрскиот Боби Џексон кој дојде на полусезона од Њу Орлеанс во замена за Бонзи Велс. Ваков играч им треба за решавачките моменти. Го има тоа во себе Џексон.

Како и да е, уште една сезона ќе биде тоа за Хјустон која ќе треба да се заборави. Едно коло може некако да поминат, за повеќе нема шанси. За повеќе треба Ти-Мек да стави поголемо срце во таа елеганција што ја има, да стане вистински лидер во тимот. Ако го направи тоа и со константноста на гореспонатите играчи може и далеку да добуткаат, но никако титула. За титула мора и Кинезот да биде во тимот. Здравје наредната година.