Кливленд ја искористи предноста на домашниот терен и вториот дуел дома го доби и заминува за Вашингтон со предност од 2-0. Овојпат Визардс беа тотално надиграни во секој поглед. Најдоброто трио во НБА беше задржано на 28п со шут 8-36. Вашингтон беа надскокани 49-34. Имаа лош процент од поле 37%, а за тројка мизерни 18%, наспроти над 50% шут од поле и за тројка на Кливленд. И + на сето ова кога ќе се додаде Мастер Џејмс тогаш имате катастрофален пораз. Ова беше највисоката победа за Кливленд во плеј-оф натпреварите. Да го споменам и “обидот за убиство “на Хејвуд на ЛеБрон, при што беше досудена намерна лична на Брендон Хејвуд, а може и да лапне некоја суспензија од НБА.
Кливленд: ЛеБрон 30п 12ас 9с, Илгаускас 16п, Шчербијак 15п и Дени Гибсон 13п. Вашингтон : ДеШон Стивенсон, Сонгаила и Батлер по 12п.
Хјустон – Јута 84 – 90(0-2)
Највероватно веќе се е завршено во оваа серија. Две победи на Јута на гостински терен и две победи. Би требало полека полека Џезерите да се спремаат за натпреварот со Лејкерс во полуфиналето на западот. И пак истата приказна за Хјустон. Немаат лидер кога највеќе им треба. Трејси МекГрејди реализираше само 3п од 4шута во последната четвртина. Додека за Јута Дерон Вилијамс и Бузер погодуваа кога највеќе им требаше за Јута, на другата страна Боби Џексон беше човекот за одлука, затоа и го земаа, но не му одеше. Промаши две слободни при 81-78 за Јута. Хјустон погодија само 5 шута во последната четвртина. Скола направи фаул без топка при 85-82, а во тие моменти Боби Џексон погоди тројка.
Ману Џинобили ја доби наградата “Најдобар 6-ти играч”. Ова беше најдобрата сезона за Аргентинецот со 19.5п во просек. Сосема заслужено ја доби оваа награда, едноставно без конкуренција. Доби 123 од 124 гласови за прво место и беше убедливо прв пред ланскиот победник Леандрињо од Феникс и Џејсон Тери од Далас.
Охрид ќе биде домаќин на групата Г од Купот на Македонија Натпреварите ќе се играат на 27042025 (недела), а распоредот е следен: 1100ч РК Прилеп – ГРК Охрид 1300ч ГРК Тиквеш 2014 – РК А...
По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, МК Велгошти на ВМРО-ДПМНЕ организира фудбалски натпревар помеѓу “Стари” и “Млади” Натпреварот започнува во 11:00 часот во пон...
Во рамки на четвртото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид денес ја пречекуваат екипата на РК Алкалоид „Гладијаторите“ се надеваат на позитивен резултат и ветуваат дека ќе го дад...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.