Голден Стејт ја декласира Јута во третиот натпревар од западното полуфинале 125-105 и ја намали предноста на противникот на 2-1.

Екипата од Оукленд повторно ја предводеше Бајрон Дејвис со 32 поени и 9 асистенции.
Џејсон Ричардсон уфрли 25 коша,за“воините“ кои се сеуште без пораз во годинешното разгрување,на домашен терен.

Ова е прв пат по 1977 година,Голден Стејт да забележи четири плеј оф победи на домашен терен.

Во првото полувреме “воините“ го израмнија НБА рекордот од 11 постигнати тројки,натпреварот го завршија со 15 погодени удари за три поени.

Карлос Бузер ја предводеше Јута со 19 поени и 11 скока.

Натпреварот ќе се памети и по феноменалното забивање на Барон Дејвис,кои на “постер“ го стави најдобриот блокер во лигата Андреј Кириленко.

Во арената во Оукленд, бучавата и на овој натпревар достигуваше на моменти 110 децибели.

Четвртиот натпревар од серијата се игра во Оукленд во недела,петтиот е на програмата во вторник во Солт Лејк Сити.

        Ненад Цветанов