Вечерва започнува финалната серија во НБА плеј-офот во која се среќаваат шампионите на западот и истокот, Сан Антонио и Кливленд.
Според искуството, целокупниот состав на двете екипи и предноста на домашниот терен, Сан Антонио ќе ја има улогата на фаворит во финалето на НБА-лигата, во дуелот против Кливленд. Главна алка во тимот на Сан Антонио е Тим Данкан, кој изминативе 10 години е лидер на тимот, а кај Кливленд тоа е ѕвездата Леброн Џејмс.
– Тие немаше да бидат во финалето ако го немаа Џејмс. Иста е ситуацијата и кај нас. Ние немаше да бидеме во финалето, ако го немаме Тим Данкан. Но, исто така двете екипи немаше да бидат во финалето ако овие двајца играчи немаа поддршка од останатите кошаркари – вели тренерот на Спарс, Грег Попович.
Леброн Џејмс-Тим Данкан
Во регуларниот дел од сезоната кој „спарс“ го завршија со скор 50:32, а „кавс“ со 58:24, Кливленд на два пати славече над Сан Антонио. Сепак сите се сложуваат дека финалето е нешто сосема друго, но според квалитетот, и индивидуален и тимски, се ошекува неизвесен и интересен дуел.
Првиот натпревар се игра доцна вечерва во Тексас во 3 часот по македонско време.
Г.М.