НБА разигрувањето заврши за екипата со најдобриот резултат во регуларниот дел од сезоната.Новицки и дружината заминува на одмор многу порано од очекувањата,а Оукленд го слави Барон Дејвис.Во вториот натпревар синоќа Јута избори мајсторка во дуелот со Хјустон.
Golden State Warriors – Dallas Mavericks 111:86 (4-2)
Какво е чуството на тимот кои во поголемиот дел од сезоната напорно работи за да стигне до 67 победи во 82 натпревари,а разигрувањето го завршува во шест средби?
Кога ќе се погледне серијата помеѓу “телињата“ и “воините“ и шест натпревари беа многу,тимот од Оукленд доминираше на пет од шесте натпревари,доминацијата кулминираше во завршните 48 минути пред повеќе од 20 илјади фанатични навивачи.
Само по себе се наметнува и уште едно прашање,како сега се чуствува Дирк Новицки,на кого Американските медиуми веќе му закачија прекар “се-само-МВП-не“.Верувале или не Германската ѕвезда од поле погоди 2 од 13-те удари кон кошот на противникот,натпреварот го заврши со 8(ОСУМ) поени и 10 скока.
Она од што стравуваа во Далас се покажа вистинско, искусниот тренрски волк Дон Нелсон ги знае маните на Новицки. Популарниот Нели загора на тоа одлично го ротираше својот тим, кои на теренот беше предводен од феноменалниот Барон Дејвис. Во неговата статистика останаа запишани 20 поени, 10 скока и 6 асистенции, но она што ќе ги боли момците од Тексас е фактот дека Дејвис натпреварот го одигра со една здрава нога, тој во 6 минута ги истегна препоните, по укажаната лекарска помош се врати на теренот.
Изворедна партија за “воините“од Оукленд пружи и лошото момче Стивен Џексон, постигна 33 коша, погодувајќи 7 од 8 удари за три поени. Немоќта на Далас најдобро ја одсликува податокот дека целата старатна петорка на “воините“постигна двоцифрен број на поени.
Натпреварот беше решен кон крајот на третата четвртина кога домаќинот, благодарение на четирите тројки на Џексон, направи серија од 24-3.
Сума-сумару ова е најголемото изненадување во разигрувањето,во историјата на НБА лигата.
Golden State Warriors се првата осморангирана екипа која го елиминира првиот носител во костурот, откако првата рунда од разигрувањето се игра на четири добиени натпревари. Воедно за прв пат по 50 години во првата фаза се елиминирани, финалистите од предходната сезона.
Utah Jazz – Houston Rockets 94:82 (3-3)
Откако победи во шестиот натпревар на домашен терен, Јута се избори за мајстора во дуелот со Хјустон. Како и предходните дуели во серијата и овој го реши играта во дефанзива.
Андреј Кириленко(14 поени, 5 скока, 5 блокади, 3 украдени топки) го одигра најадобриот натпревар во разигрувањето. Забележителна кај “џезерите“беше и играта на центарскиот тандем, Карлос Бузер(22 поени, 9 скока) , Мехмет Окур(19 поени 9 скока).
На спротивната страна Трејси Мек Грејди го предводеше Хјустон со 26 поени и 10 скока,н о Т-Мек од поле погоди само 8 од 23-те удари. Јао Минг постигна 25 поени, имаше и 8 загубени топки.
Седмиот решавачки дуел ќе се одигра во сабота во Хјустон.
Ненад Цветанов